Каква среќа: Погледнете колку се радува куче кое не гледа и не слуша кога ќе ја помириса својата омилена личност (ВИДЕО)

Каква среќа: Погледнете колку се радува куче кое не гледа и не слуша кога ќе ја помириса својата омилена личност (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Иако е лишен од сетилата за вид и слух, Бампер кој на прв поглед воопшто не се разликува од останатите кучиња, го препознал мирисот на својата млада сопственичка, која по долго време дошла да ги посети родителите.

Ова слатко куче по име Бампер е родено слепо и глуво, но тоа не го спречува максимално да го користи животот.

Тој дури нема идеја дека живее поинаку од многу кучиња.

Неговата сопственичка Ејми, за „Dodo“ вели дека е сигурно дека Бампер таквото кучешко секојдневние го смета за нормално.

А тој, и покрај хендикепот, знае да го намираса она што е добро.

Една од неговите најдраги личности на светот е ќерката на Ејми, Ферон. Додека живеела кај родителите, таа и Бампер постојано си играле и го поминувале времето заедно. Потоа Ферон се преселила и сега не доаѓа толку често.

Сепак, таа и понатаму го зазема првото место во срцето на Бампер, за што сведочи и нивната средба.

„Ферон ни дојде во посета“ - вели Ејми и додава дека поминало многу време откако ќерка ѝ заминала од дома. Таа одлучила да го сними враќањето на ќерката, а тогаш „уловила“ еден момент на чиста среќа.

Бампер едноставно „пукнал“ од возбуда - скокал, се вртел, носел перници и влечки пред нозете на Ферон, трчал...

„Бампер многу ја сака Ферон и обожава кога таа ќе дојде дома“ - вели Ејми.

Иако луѓето со незадоволство посвојуваат кучиња со посебни потреби, Бампер е доказ дека способноста да се види или слишне не е предуслов за среќен живот исполнет со љубов.

„Ние сме прилично активно семејство и на почетокот не бевме сигурно што ќе може да прави Бампер. Но, тој прави сѐ што правиме и ние. Сака да планинари, да плива, трча, да се вози со кајак“ - истакнува Ејми, а потоа додава:

„Всушност, тој прави скоро сѐ што би можело да направи куче со добар вид и слух“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: