Каква тајна се крие зад фотката со која синот на Бекамови и неговата идна сопруга објавија дека се верија?
Најстариот син на фудбалерот Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија, Бруклин Бекам (21) ја запросил неговата девојка, актерката Никола Пелц (25).
Официјалната фотографија со која објавија дека се решени да застанат на „лудиот камен“ покажува како стојат надвор, гледајќи вљубено еден во друг. Актерката на фотографијата носи жолт фустан од колекцијата на Викторија, во кој изгледа прекрасно.
Но, ова не беше единствената вмешаност на Викторија, како што откри Никола во неделата. На својот Инстаграм профил, актерката сподели „сотри“ на кое објави уште нешто од специјалниот ден, а на истото го носеше истиот фустан со сив џемпер. Таа на фотографијата го прегрнува својот вереник кој вози велосипед.
„Вчерашниот ден беше прекрасен, ти благодарам за фотографијата Викторија Бекам“ - напиша на „сторито“ идната невеста.