Какви приказни се кријат зад филмовите на Дизни: Од онаа на „Снежното кралство“ ќе ве полазат морници
Ви ги
претставувавме приказните кои во оригиналната форма се многу пострашни од
своите анимирани потомци на Дизни.
# Пепелашка
Приказната за Пепелашка доживеа инкарнација во текот на историјата, но ќе се задржиме на онаа која ја забележаа браќата Грим. Приказната зборува за ќерката на богат човек, која е приморана да носи стара, парталава облека и да им служи на маќеата и полусестрите. Иако и во двете верзии на Пепелашка на крајот од приказната таа се мажи за принц, помеѓу бајката и анимираниот филм на Дизни од 1950 година, постојат впечатливи разлики, пишува Bustle.
За разлика од хероината на Дизни, на Пепелашка од бајката не и помагата самовилата, туку белите птици кои ѝ даваат облека во која ќе се појави на кралскиот бал. Приказната во продолжение тече на следниот начин: таа заминува на бал, го запознава принцот и ја губи чевличката, која тој потоа ја користи за да ја пронајде. Но, филмот на Дизни го прескокна делот во кој една од полусестрите го сече сопствениот палец, а другата петата, за да ги навлечат чевличките и за да го измамат принцот за да се ожени со нив. На самиот крај, за време на кралската венчавка, птиците кои ѝ помогнаа на Пепелашка со клуновите им ги копаат очите на злобните полусестри.
# Аладин и магичната ламба
Приказната за Аладин, која може да се прочита во збирката „Илјада и една ноќ“, почнува така што волшебникот од северна Африка го набедува сиромашниот млад Кинез да му донесе ламба од една пештера, пренесува Лагуна.
Во таа верзија, Аладин повикува два духови - од пристенот и од ламбата. Вториот дух на Аладин му помага да се ожени со принцезата, така што му овозможува да се ослободи од нејзиниот избраник, синот на везирот и наместо него се вовлекува во креветот на принцезата.
Духот од ламбата е многу помоќен и на крајот станува слуга на волшебникот, но духот од прстенот е тој кој цело време му помага на Аладин. Кога негативецот ќе ја грабне принцезата, духот својот млад господар ќе го телепортира на локацијата каде што тој се сокрива, а принцезата ќе го убеди волшебникот да го испие отровот. Злобниот волшебник е мртов и тука би можел да биде крајот, но изненадно на сцена настапува братот на волшебникот.
Преправен во стар свештеник, братот ја убедува принцезата дека на палатата на Аладин и е неопходно јајце од огромна птица грабливка. Аладин тогаш му наредува на духот од прстенот да му го донесе јајцето, но духот одбива да ја исполни неговата желба и го напушта господарот. Тој сепак пред заминувањето го предупредува Аладин на опасноста која му се заканува од свештеникот. Аладин со меч го прободува братот на волшебникот и приказната добива среќен крај.
# Убавицата и Ѕверот
Пример за дури два филма на Дизни со овој наслов беше истоимениот роман, кој во 1740 година го објави Габриел - Сузан Барбо де Вилнев.
Во оригиналната приказна, еден трговец им ветува на сите 12 дена дека од патувањето ќе им донесе подарок, вклучувајќи и ружа за Убавицата. Исто како и во филмот, тој случајно го разлутува Ѕверот, маѓепсаниот принц кој го проколнала злобната самовила. Ѕверот на трговецот му дозволува да се врати дома под услов да му испрати некој кој ќе го замени. Изборот падна на Убавицата.
Како и во филмот на Дизни, Ѕверот мора да ја наведе Убавицата да се вљуби во него, доколку сака магијата да исчезне. Но, во романот кој го напишала Де Вилнев, тој се обидува да го прави тоа, така што секоја вечер ќе ја повикува Убавицата да спие со него. Во скратената верзија на романот, која во 1753 година ја објави Жан - Мари Лепранс де Бомон, Ѕверот секоја вечер ја вика Убавицата да вечера со него, што е детаљ благодарение на кој денес ја имаме „Убавицата и Ѕверот“, една од најубавите песни кои некогаш биле напишани за некој од филмовите на Дизни.
# Малата сирена
Помеѓу приказната која потекнува од перот на Ханс Кристијан Андерсон и нејзината филмска адаптација постојат многу разлики. Фактот дека љубовната приказна помеѓу хероината и принцот не завршува среќно е само една од нив.
Според замислата на Андерсон, сирените може да живеат и до 300 години, но не поседуваат бесмртна душа и затоа по смртта едноставно се претвараат во морска пена. Малата сирена од својата баба дознава дека душата на сирената може да стане бесмртна доколку човек се вљуби во неа, но и дека тоа никогаш не се случува, бидејќи луѓето перката на сирените ја сметаат за одбивна.
Во желба да се омажи за принц, хероината на Андерсон бара помош од морската вештерка. Вештерката ја предупредува дека трансформацијата на перката во човечки нозе ќе и донесе неподносливи болки, како и дека доколку принцот се ожени со друга, таа веднаш ќе умре и ќе се претвори во пена.
Иако морската вештерка во ниту еден момент не ја саботирала малата сирена, приказната не добива посакуван крај. Принцот сепак се жени со друга девојка, а единствена шанса за да преживее малата сирена е човекот од своите соништа да го убие со нож. Таа одбива да го направи тоа и се фрла во морето. Сепак, наместо да се претвори во морска пена, таа се преобразува во една од „ќерките на воздухот“, добрите духови кои може да заработат бесмртна душа, само доколку 300 години прават добри дела.
# Снежната кралица
Од сите филмови на оваа листа, „Леденото кралство“ најверојатно има најмалку сличности со приказната по која е снимен. Снежната кралица на Ханс Кристијан Андерсен почнува со кршење на огледата кои ги прикажуваат и зголемуваат сите најлоши особини на овој свет. Ветрот ги разнесува парчињата од огледалата низ целата земјина топка и едно парче од спакло му влегува во око, а еден во срцето на момчето Кај. Тој потоа станува зол и лош кон својата најдобра другарка Герда.
Еден ден, Снежната кралица го киднапира Кај и тој ја заборава Герда. Благодарејќи на бакнежите на Снежната кралица, Кај повеќе не чувствува студ и потполно е несвесен за тоа дека целото тело му е црно и прекриено со мразулци. Тој живее во замокот на кралицата, безуспешно обидувајќи се да го напише зборот „вечност“ со парчиња мраз и на тој начин да ја добие слободата. По некое време, Снежната кралица оди на едно од нејзините патувања и го остава сам во замокот.
По долгата потрага, Герда конечно успеава да го пронајде Кај во ледениот замок. Таа со бакнежи му го загрева телото и му го враќа здравјето. Парчето огледало испаѓа од срцето на Кај и тој, преплавен со чувства, почнува да плаче. Солзите му помагаат за да му падне и другото парче стакло, кое му било во окото. Парчињата мраз околу нив почнуваат да играат од радост и сами го формираат зборот „вечност“. Кај е конечно слободен и тие заедно заминуваат дома.
# Златокоса
Анимираниот филм на Дизни, „Златокоса“ од 2010 година ги задржи повеќето клучни детали на истоимената бајка на браќата Грим, но има и елементи кои во приказната се ублажени, за филмот да може да допре пошироко до публиката.
Во оригиналната приказна, сиромашниот човек на барање на сопругата, која го очекува нивното прв дете, почнува да краде салата од соседната градина, не знаејќи дека истата припаѓа на злобната самовила. Нивната комшика госпоѓа Готел во една прилика ја фаќа крадецот и бара да ѝ го предаде новороденчето, како извинување.
Госпоѓа Готел го затвора девојчето во кула без врата и скалила. Годините поминувале и кулата еден ден ја наоѓа принц, кој се качува до Златокоса со помош на нејзините долги плетенки, а потоа почнува да ја посетува секоја ноќ. Госпоѓа Готел, меѓутоа, набрзо открива дека Златокоса очекува дете и ја казнува со тоа што и ја сече косата и ја протерува во пустина. Злобната вештерка следната вечер ги фрла плетенките на Златокоса за да се качи принцот, а потоа го остава заробен во кулата.
Дознавајќи дека ја изгубил Златокоса, принцот се фрла од прозорот од кулата. Тој некако успева да го преживее падот, но го губи видот. По повеќегодишно лутање по светот, принцот доаѓа до пустината во која Златокоса живее со близнаците. Солзите на Златокоса му го враќаат видот и тој конечно ги запознава своите деца.
# Снежана
Оригиналната верзија на „Снежана“ е многу пострашна од онаа на Дизни. Дознавајќи дека ловецот не ја убил принцезата, злобната кралица во бајката на браќата Грим, три пат ја посетила куќичката на седумте џуџиња. На Снежана најпрво и продава маѓепсан ремен, од кој почнува да се гуши и да паѓа во несвест, но џуџињата стигнуваат на време за да и го спасат животот. Потоа и дава отровен чешел, кој за малку ќе ја убиел, но џуџињата повторно стигнуваат на време. Во последниот обид, кралицата на Снежана и дава отровно јаболко од кое таа умира.
Бидејќи не се во состојба да ја оживеат, џуџињата ја ставаат Снежана во стаклен ковчег, каде ја пронаоѓа принцот, кој им наредува на слугите да ја однесат во неговиот дворец. Поради тресењето на ковчегот за време на пренесувањето парчето јаболка испаѓа од грлото на Снежана и таа оживува.
Принцот и Снежана ја казнуваат кралицата на својата венчавка, принудувајќи ја да танцува во црвени жешки чевли и така таа умира пред нивните очи.