Камила Кабелјо го промени својот заштитен знак: Летото го стартуваше со нов имиџ (ФОТО)
Оваа боја на коса е совршена алтернатива за темните бринети...
На летните вести и радости оваа недела им нема крај. Дополнително ги разубави Камила Кабелјо, која својот долгогодишен заштитен знак, бујната темна коса, ја замени со посветли нијанси. Пејачката, чија долга, кафена коса стана еднен од нејзините препознатливи изгледи, решида ги промени работите и да ја осветли косата.
Кога сакате да го освежите својот излед еден од начините кој има најголем ефект е промената на бојата на коса. Многумина сметаат дека на бринетите овој совет не им е од помош и дека немаат преголем простор за промена. Но, оваа популарна пејачка го докажа токму спротивното.
Иако и сега повеќе припаѓа во групата „црнокоси“, отколку „русокоси“, новата коса во медова боја на Камила, е нешто поразлично од она на што сме навикнале. Таа на Инстаграм сподели две селфиња за да ја сподели новата нијанса.
фото: Принтскрин / Инстаграм