Камила Кабелјо има ново момче: Уловени се додека се бакнуваат и се држат за раце (ФОТО)
Шон и официјално е заборавен...
Помина подолг период од разделбата на Камила и Шон, а ако некој уште се надеваше дека оваа двојка ќе се смири, тогаш сега таа надеж може да падне во вода. Имено, Камила има ново момче и го покажа во јавност.
На Камила на љубовно поле ѝ цветаат ружи, најверојатно веќе некое време, но добро ја криеше својата нова љубов. Сѐ досега. Двојката изгледа одлучи својата врска да ја сподели со јавноста, бидејќи ако мислеа дека и на момент ќе успеат да се сокријат од папараците, се излажаа. Уловени се како разменуваат нежности и јавно е дека нивниот однос е и повеќе од пријателски.
За разлика од врската со Шон, за оваа веројатно никој нема да зборува дека е наместена за јавноста, бидејќи момчето не е јавна личност, но е дефинитивно успешен деловен човек. А, кој е тој?
Остин Кевич! Неговото име најверојатно ништо не ти значи, не е некој кој се појавува во медиумите. Станува збор за извршниот директор на клубот Lox, приватна апликација за состанување, а наводно апликацијата има многу високи стандарди кои треба личноста која може да се приклучи.
Остин е добар пријател со актерот Николас Голицин, со кој Камила глумеше во филмот „Пепелашка“, па големи се шансите дека се запознале преку него.
Што точно се случува тука и од кога се заедно, засега никој не открива, но фотографиите прилично јасно покажуваат дека има нешто повеќе од пријателски однос.
фото: Принтскрин / Инстаграм