Камила Кабелјо искрена за ПМС-от на ТикТок: Девојки, знаете за што зборувам

Камила Кабелјо искрена за ПМС-от на ТикТок: Девојки, знаете за што зборувам

Објавена во: Мода // Moj стил

Камила Кабелјо никогаш не била таинствена, но во последно време нешто се случи со нејзината искреност. Пејачката во последно време е сѐ поактивна на ТикТок и е многу искрена кога се во прашање проблемите кои ги имаат скоро сите жени во светот, па така пред неколку дена токму на оваа платформа без проблем ги покажа сите недостатоци на телото.

Овој пат, Камила повторно изнесе нешто што наводно е „табу тема“ (иако нема причина да биде), а тоа е ПМС-от и менструалните болки за време на циклусот. Пејачката во видеото го „рекламираше“ лекот „Мидол“ и зборуваше за што поточно го користи.

@camilacabello

ladies u know what I’m talkin bout. (Not an ad I just was having the worst period cramps of all time today)

Know Yourself - Drake

„Кога ќе те погоди „Мидол“... Девојки, знаете за што зборувам, имам најлоши менструални болки на светот“ - порача Камила. Тоа е сосема природно, така што и таа како и сите останати девојки користи лекарства за да ѝ биде подобро и тоа сака да им го покаже на сите.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: