Камила Кабелјо му се заблагодари на Дедо Мраз: Причината ќе ве насмее до солзи
Камила Кабелјо и Шон Мендес празниците ги поминуваат во Канада, а Камила ги изненади обожавателите со симпатични празнични фотогорафии. Двојката неодамна го објави својот божиќен дует кој беше одлично прифатен од обожавателите.
По повод објавувањето на дуетот едноставно наречен „A Christmas Song“, Камила објави сладок исечок од видеото во кое се гледа колку празнично се расположени таа и Шон. Таа во описот на објавата наведе: „Ние го снимавме видеото сами, а Тарзан беше режисерот на видеото.“ Тарзан е нивното симпатично куче кое исто така е со нив во Канада.
Камила во објавата наведе и дека парите од стримувањето на песните ќе бидат донирани на здружението „Feeding America“, што им помага на оние кои имаат потреба од донации за храна. Таа ги охрабри своите обожаватели да донираат на сиромашните во оваа празнична сезона, но и во време на голема криза.
Според „Elle“, Шон неодамна изјавил колку е среќен што ги поминува празниците во Канада со Камила: „Овие пет дена не можат да ми поминат доволно брзо. За пет дена ќе бидам дома со Камила и нашето куче. Едвај чекам.“
Камила сподели фотографија од своите милениците додека одмараат под ќебе во вистинско празнично расположение. Во описот, таа напиша „Мала доза на убавини за вас, оваа година не беше лесна, па се надевам дека барем тие ќе ви го поправат малку расположението“.
Последната фтока е малку поинтимна, бидејќи се гледа како двојкаа разменува нежности во џакузи.
„Дедо Мраз ти благодарам за ова прекрасно високо момче“ - напиша пејачката покрај фотографијата.
Обожавателите позитивно реагираа на серијата празнични фотографии. „Пресластки сте“, „Ми го разубавивте денот“, „Сакам и јас“ - беа само дел од коментарите под фотографиите.