Камила Кабелјо никогаш поискрена: Короната всушност ми го спаси животот
Камила Кабелјо овие денови може да ја гледате во новата „Пепелашка“, иако критиките велат дека нејзината верзија е прилично лоша. Пејачката вредно работеше на новиот проект уште пред пандемијата на коронавирус, а како што признава, целата ситуација со Ковидот и карантинот поради него, позитивно ѝ влијаеле на животот.
„Пред карантинот бев преморена од работа и анксиозноста ме надвладеа. Како да трчав со скршена нога и не го слушав своето тело како се чувствувам. Си велев на себе дека сум добро, наместо да си помогнев на себе за да ми биде добро. Пандемијата ми даде пауза за да си кажам на себе дека ногата ми е скршена и дека треба да заздрави“ - призна Камила во најискрената исповед досега.
Некои денови од минатото на Камила биле морничаво празни... Со премногу работа. „Сега знам дека морам да се погрижам за себе, дека никој друг не може да го прави тоа наместо мене. Имаше денови во кои немав време за врски, за домот, за семејството, само работа. Никогаш повторно не би си го дозволила тоа“ - вели пејачката.