Камила Кабелјо во новата песна пее за разделбата со Шон: Го обвини дека е дволичен?
Песна која е направена за надминување на разделбите...
Сите обожаватели се надеваа дека сепак ќе се смират, но сега е и повеќе од јасно дека оваа љубовна приказна нема да има таков среќен крај. Новата песна на Камила е идеална химна за сите оние кои моментално тагуваат поради скршено срце.
Шон веднаш по разделбата со Камила објави песна во која проговори за нивната разделба, а сега дојде редот и на Камила. Иако разделбата, која се случи во ноември минатата година ѝ падна тешко, таа дури сега успеа јавно да проговори за тоа. И тоа со песна. Таа и Ед Ширан овој викенд ја објавија песната „Bam Bam“, а на обожавателите веднаш им беше ѝ повеќе од јасно дека Камила пее за Шон.
Иако песната е весела и забавна, но текстот на почетокот и не е баш. Се потсетила на нивната љубов и дека зборовувале дека им е за цел живот, а таа сега само што прода нивната заедничка куќа. Исто така ја споменува и дволичноста на Шон: „Ми кажа дека мразиш океани, но сега сурфаш“. Иако звучи како ситница, некако мислиме дека овде не се работи само за океан, туку дека има и некое друго значење. Главната порака на песната е дека иако изгледало како љубов за цел живот, сега се промениле како луѓе, врската завршила и треба да продолжат да живеат.
Ова дефинитивно ќе стане химна за скршени срца.