Камила откри што направила пред првиот состанок со Шон: Толку сум нервозна што не можам да издржам
Камила Кабелјо и Шон Мендес моментално се една од најпознатите двојки...
Камила и Шон моментално се една од најпознатите светски двојки кои веќе неколку години се во љубов. Неколку месеци наназад често се активни на социјалните мрежи, каде обожавателите ги поддржуваат, а „хејтерите“ константно ги критикуваат. Тоа е нормално, бидејќи тие се од оние двојки кои или ги сакаш или ги мразиш. Така, Камила сега повторно се најде во центарот на вниманието, бидејќи призна нешто што криела откако таа и Шон биле заедно.
Во едно Јутјуб видео, каде што таа гостува, откри што направила пред да отиде на првиот состанок со него. Тоа го криела, бидејќи не сакала да се засрами, но сепак призна дека била навистина возбудена пред нивниот прв состанок, па одлучила на екс да испие две чаши текила и на глас да ја испее песната „Defying Gravity“.
На крајот призна дека била ужасно нервозна, бидејќи тие тогаш биле само пријатели, а кога почнала да се појавува хемија помеѓу нив, Шон ѝ испраќал пораки во кои ѝ порачувал дека едвај чека да ја види, дека едвај чека да ја бакне и слично.