Карантините ги инспирираа: Познати личности кои стана јутјубери за време на пандемијата
Пандемијата на сите нас остави некакви последици и уште остава. Од месец март, минатата година започнавме да живееме по нови правила - секаде се движиме со заштитни маски, не се групираме, држиме дистанца, ги проретчивме средбите со пријателите, а најголемиот дел од времето го минуваме дома.
Тоа седење дома, сите го искористија на различен начин. Некои ги изгледаа сериите и филмовите кои одамна сакале да гледаат, други пак ги прочитаа книгите кои долго време им биле на „to do“ листата, а немале време досега, трети се зближија со семејството, а има и такви кои се решија да се испробаат во нешто ново и нешто што не го правеле досега.
Ништо поразлично од ова не се ниту познатите личности. Без разлика дали станува збор за познати водители, пејачи, актери, новинари или било која друга професија што е поврзана со јавниот живот, секој од нив си најде свој издувен вентил, каде ќе го потроши вишокот енергија.
Во оваа пандемија ТикТок го доживеа својот подем, а многу личности од јавниот свет направија профили и споделуваа интересни видео содржини, но и од нив имаше некои кои беа похрабри, поиновативни и поангажирани. Имено, некои од нив станаа јутјубери и му придружија на големото Јутјуб семејството, а со своите видеа се трудат да им ги направат поинтересни деновите на следбениците.
Во продолжение погледнете кои три познати личности се впуштија во светот на јутјуберството за време на пандемијата:
# Стефан Лазаров
Познатиот водител Стефан Лазаров веќе длабоко е навлезен во јутјуберството. Од 3 јули 2020 година па досега има објавено 101 видео, а бројот на следбеници постојано му се зголемува. Моментално брои скоро 40.000, а секое едно од видеа кои ги споделува е приказна за себе.
Од „Карпул караоке“ до разни пренкови, на неговиот профил има буквално сѐ. Доколку досега не сте погледнале барем едно видео од него, време е да го направите тоа.
# Марија Шерифовиќ
Пејачката која го освои Балканот, но и цела Европа по победата на Евровизија исто така стана дел од Јутјуб светот. Карантинот и постојаното јавување на Инстаграм ја поттигнаа за овој чекор, кој е сѐ, само не погрешен. Имено, сево ова е доказ дека е успешна и професионална во сѐ што работи.
Во видеата кои ги споделува пее, готви за првпат, покажува и како ги подготвува натреварувачите, чиј е ментор во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, покажа и како ужива додека патува низ светот - едноставно на следбениците и обожавателите на некој начин се труди да им го доближи својот приватен живот, секако во умерени граници.
# Миа Костова
Познатата водителка и инфлуенсерка Миа Костова е последна на нашата листа, но не и помалку важна. Имено, тоа е така бидејќи таа последна се приклучи на Јутјуб. По многубројните видеа кои ги споделуваше на Инстаграм, таа се реши за овој чекор и отвори свој Јутјуб канал. Досега има објавено 8 видеа, но со оглед на тоа што првото го објави пред еден месец, ова е добар знак.
И на нејзиниот профил може да се најдат видеа со различни содржини, а со секое ново видео, таа се труди уште повеќе да ги доближи своите следбеници до нејзиниот живот, далеку од камерите.
Р.Х.