Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид
Пораката „Не е до нив, до тебе е“ пристигна до многумина, затоа што караванот од оваа кампања отпатува низ повеќе градови низ Македонија. Утре (27.04.2024), диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски доаѓаат во Скопје, во Градски парк, фонтана „Лотосов цвет“ во 12:00 часот. Веднаш потоа, караванот оди до својата следна станица - Плоштадот ‘’Св. Климент Охридски‘‘ во Охрид. Бојан Кироковски и Диџеј Мац им закажуваат средба на охриѓани во 18:30 часот.
Затоа, доколку сакате да се забавувате, да се насмеете до солзи и на позитивен начин да донесете вистинска одлука, дека ВИЕ сте тие што ќе учествуваат во креирањето на вашата држава, не наоѓајте нови изговори и оваа сабота, бидете во првите редови од публиката на стенд ап настапот на Бојан Кирковски во Скопје и во Охрид.
Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе посвети многу поголемо внимание на правото на глас и на одговорноста што ја имаме кон нашата најголема граѓанска должност. Но, доколку ти сеуште со недоверба си го поставуваш прашањето „Што ќе смени баш мојот глас“, тогаш дефинитивно треба да ги зачуваш следните локации и датуми на караванот, за да го добиеш вистинскиот одговор – „Не е до нив, до тебе е„.
Исто така, голем дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од оваа кампања, затоа што сите имаат една цел - заедно со граѓаните да се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.
Искористете го викендот и утре дојдете во Градски парк, фонтана „Лотосов цвет“ во Скопје и на Плоштадот ‘’Св. Климент Охридски‘‘ во Охрид, за да се насмеете на ваша сметка и низ урнебесна комедија да се уверите дека навистина, „Не е до нив, до тебе е“.
Понесете оптимизам и желба за промени со себе и придружете ни се заедно да се потсетиме на важноста на правото на глас, преку моќта на хуморот, заедно со Бојан Кирковски и Диџеј Мац.
ПР објава