Карби Би се откажа од разводот: Не е лош човек, само е глупав
Карди Би се откажа од разводот и го шокираше светот. Како што веќе сите знаат, контроверзната раперка во брак беше три години, донесе одлука за развод, а сега се предомисли.
„Слушајте, јас сум само луда кучка. Знаете ли како се препирам со вас на социјалните мрежи? Исто така е и помеѓу мене и мојот сопруг. И кога луѓето ќе кажат дека правам сра*а за да привлечам внимание, тоа не е вистина. Јас сум само луда кучка“ - објасни Карди во лајв на Инстаграм.
Исто така, раперката случајно сподели и гола фотографија, која најверојатно сакала да му ја испрати на сопругот. Карди и Офсет се во брак три години. Карби поднесе барање за развод кога сопругот ја изневери неколку пати.
Таа објасни дека го оставила како превентивна мерка, за да не се посрамоти доколку повторно јавно ја изневери. Покрај тоа, продолжи да го брани на социјалните мрежи, порано овој месец тврдеше дека тој не е лош човек, туку дека е само глупав.