Карди Би на суд со познатата јутјуберка: Поради неа сакав да се убијам

Карди Би на суд со познатата јутјуберка: Поради неа сакав да се убијам

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Карди Би во минатата година доби уште еден голем благослов - го роди своето второ дете со раперот ОФсет, па така 2021 година ѝ помина во знакот на добрите нешта. Сепак, нејзиниот конфликт од минатото со јутјуберката Таша К дојде до судот уште во првите денови од 2022 година, па така на раперката овој период ѝ донесе нов стрес.

Имено, Карди тврди дека вестите кои Таша ги ширела за неа се лажни, а дека поради лажните вести емотивно претрпела пекол и дека сакала да си го одземе животот. 

„Бев екстремно суицидна и беспомошна, физички патев од постојани мигрени и исцрпеност, што е резултат на анксиозност“ - го изјавила ова Карби Би пред судот, според „Билборд“.

Таа наводно изнела и дека никогаш порано немала проблем со своето ментално здравје и дека Таша била сериозна причина за тоа.

„Се чувствувам поразено, првпат се сретнав со депресијата, не можев ни да спијам со својот маж Офсет“ - сподели таа.

Овие проблеми датираат од 2019 година, но случајот дури сега дојде на ред.


Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: