Карди Би не сака децата да ги слушаат нејзините песни: Не биле за нив
Популарната раперка Карди Би за американските медиуми изјави
дека не сака нејзините деца
да ја слушаат нејзината музика. Како што рече, песните како „WAP“, светски мега хит, не се наменети за
лица на возраст под осумнаесет години.
Раперката беше критикуван откако на социјалните мрежи беше објавено видео во кое таа ја гаси својата песна пред нејзината двегодишна ќерка.
Cardi B stops Kulture from hearing 'Wap'‼️ pic.twitter.com/2uCFp1e99W
— RapTV (@raptvcom) January 4, 2021
Самата песна, со исклучително експлицитен текст, наиде на критики од американската јавност. И покрај тоа, таа успеа да стане еден од нејзините најголеми хитови.
Ya needs to stop with this already ! I’m not jojosiwa ! I don’t make music for kids I make music for adults.Parents are responsible on what their children listen too or see.I I’m a very sexual person but not around my child just like every other parent should be. https://t.co/LRH3APdp9A
— iamcardib (@iamcardib) January 5, 2021
„Јас не правам музика за деца, туку за возрасни. Родителите се одговорни за она што го слушаат нивните деца. Тоа е нивна одговорност, а не моја. „Јас сум многу сексуална личност, но не пред моето дете и верувам дека и другите родители треба да се однесуваат на ист начин“, напиша Карди на Твитер.
Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON