Карди Би шокира со новиот спот: Не сакам деца да ја слушаат мојата музика
Во најновиот спот, за новата песна „Up“, раперката Карди Би буквално го шокираше светот.
Навикнати сме на експлицитните песни и видео записи од неа, но со ова отиде ниво погоре.
Сепак и самата е свесна за тоа, па неодамна, за американските медиуми изјави дека не сака нејзините деца да ја слушаат нејзината музика. Како што рече, песните како „WAP“, светски мега хит, не се наменети за лица на возраст под осумнаесет години.
Раперката беше критикувана откако на социјалните мрежи беше објавено видео во кое таа ја гаси својата песна пред нејзината двегодишна ќерка.
Cardi B stops Kulture from hearing 'Wap'‼️ pic.twitter.com/2uCFp1e99W
— RapTV (@raptvcom) January 4, 2021
Самата песна, со исклучително експлицитен текст, наиде на критики од американската јавност. И покрај тоа, таа успеа да стане еден од нејзините најголеми хитови.
„Јас не правам музика за деца, туку за возрасни. Родителите се одговорни за она што го слушаат нивните деца. Тоа е нивна одговорност, а не моја. „Јас сум многу сексуална личност, но не пред моето дете и верувам дека и другите родители треба да се однесуваат на ист начин“, напиша Карди на Твитер.
Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON