Кариерата ѝ цвета, а љубовта? Тејлор Свифт е прва жена која ја освои наградата ГЛОБАЛНА ИКОНА!
Тејлор Свифт е природна, талентирана, убава и многу успешна млада жена која направи сè што е можно и невозможно во музиката.
Синоќа на Бртанските музички награди Тејлор Свифт (31) уште еднаш го стори невозможното: беше прогласена за глобална икона, а ниту една жена досега не ја добила таа награда!
За време на говорот во кој им се заблагодари на своите соработници и пријатели, Тејлор се насмевна и тивко му се заблагодари на своето момче Џо Алвин (30) и тоа беше првпат јавно да проговори за своето долгогодишно момче.
Сепак, јавноста сега шепоти за тоа како младиот актер не се појавил на црвениот тепих со Тејлор и дека оваа врска, како и безбројните поранешни љубови на пејачката - е осудена на пропаст.
Пејачката носеше здолниште и топ, потпишан од Мијо Мију, изработена специјално за неа, украсена со кристали и светки.
Со оваа специјална награда, Тејлор Свифт им се придружи на претходните добитници на истата награда, Елтон Џон, Роби Вилијамс и Дејвид Боуви.
Тејлор е најпродаваниот музички уметник на годината во Велика Британија, а до денес има продадено повеќе од 114 милиони албуми ширум светот.
извор:stil.kurir.rs