Карлеуша го кажа она што никој друг не би смеел: Сѐ е посветено на семејството Ражнатовиќ (ФОТО)

Карлеуша го кажа она што никој друг не би смеел: Сѐ е посветено на семејството Ражнатовиќ (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Честитките само пристигнуваа, но колешката на Анастасија, Јелена Карлеуша во тој момент објави нешто што ги заинтересира сите...

Неодамна, младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ го имаше својот прв јавен настап во градот на светлината - Париз.

Покрај фактот дека веќе неколку години е на естрадната сцена, младата пејачка сакала да биде потполно сигурна дека ја прави вистинската работа, пред да се впушти во реализација на првиот јавен настап, а сега се испоставува дека погоди право во центарот.

Бројните видеа од настапот на Анастасија јасно говорат во прилог на констатација дека убавата пејачка направила вистински потег со одлуката првиот настап да го има токму во Франција.

Честитките на нејзината адреса пристигнуваа една по друга, но колешката на Анастасија, Јелена Карлеуша токму во тој момент на стори на својот Инстаграм профил објави многу интересен текст.

„Нема ништо полошо кога децата на јавните личности ги залажуваат дека се талентирани за работата на своите родители, а потоа зад грб им се смеат и се шегуваат со нив“ - стоеше во пораката која Карлеуша ја објави на стори.

Со оглед на тоа дека времето се поклопуваше со настапот на младата пејачка, и дека Јелена и нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ не се во најдобри односи, многумина зборовите на Карлеуша ги поврзаа со Анастасија, но засега не е познато дали навистина се однесуваат на неа.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: