Карлеуша за првпат ја покажа жената која била посебна во нејзиниот живот: Атина и Ника нереално личат на неа (ФОТО)
Пејачката Јелена Карлеуаша низ двете децении кариера, покажа дека е силна жена, а за тоа, како што често истакнува, имала и вистински примери во животот.
Освен мајка ѝ Дивна, која почина пред неколку години, Карлеуша ја имала и баба ѝ Дара на која ѝ се воодушевувала.
Првпат со своите следбеници сподели фотографија од жената која ја го разубавила нејзиниот живот и напиша неколку зборови за неа:
„Ви ја претставувам мојата баба Дара, мајката на мојата мајка и тетка... Беше нереална убавица, но имаше и трагичен и тажен живот. Почина во 2003 година во Белград. Имаше само 64 години. Жал ми е што не доживеа уште малку за да види колку нејзините правнуки Атина и Нина личат на неа“.
Црно-белата фотографија од преубавата Дара навистина откри колку наследничките на Јелена личат на својата прабаба, што ги воодушеви нејзините обожавателите.
„Преубава жена, Атина и Ника навистина личат на неа“, „Атина посебно ми личи на неа, имаш со што да се гордееш“, „Се гледа дека околу себе си имала силни жени“ - се само некои од коментарите на Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм