Кавга среде автопат: Анастасија Ражнатовиќ остана сама на автобуската станица

Кавга среде автопат: Анастасија Ражнатовиќ остана сама на автобуската станица

Објавена во: Живот // Живот

Во вечерните часови пред домот на семејството Ражнатовиќ се наоѓаше екипата на емисијата „Папарацо лов“. Веднаш го „уловија“ момчето на Анастасија Ражнатовиќ, Ѓорѓе Кулиќ кој дојде од Нови Сад. Тој од вилата излезе во костум, а потоа му се придружи и ќерката на Цеца.

Заедно седнаа во автомобилот, но на Автокоманда ги застана полиција за да проверат дали Ѓорѓе конзумирал алкохол.

Потоа продолжија по својот пат, до Врачар, а потоа седнаа во едно кафуле, каде што била прославата. Кога истата заврши, Анастасија и Ѓорѓе прегрнати излегоа на улица и заминаа до автомобилот.

Повторно на Автокоманда ги застана полиција. Полицајката по тестирањето му ги врати документите на Ѓорѓе, а потоа продолжија кон Нови Сад. Сепак, одеднаш застанаа.

Како што се наведува во извештајот на емисијата „Папарацо лов“, Анастасија по кавгата го напуштила автомобилот и седнала на клупата од автобуската станица. Направила неколку телефонски повици и за сето време нервозно пушела електронска цигара.

На крајот решила да се врати во автомобилот. Меѓутоа, повторно се скарале и Анастасија се врати на станицата. Во таа прилика тие ја продолжија кавгата, додека Ѓорѓе седеше во автомобилот, а пејачката на клупа.

Во еден момент, Ѓорѓе даде гас, но се предомисли и се врати назад. Потоа излезе од автомобило и замина во мракот. На крајот се смирија и продолжија понатаму.

Извор: pink.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: