Кејт ги изненади сите: Ни Меган го нема прекршено ова правило

Кејт ги изненади сите: Ни Меган го нема прекршено ова правило

Објавена во: Совети // Семејство

Иако важи за подобра и послушна кралска снаа, Кејт Мидлтон ја крена Велика Британија на нозе кога излезе вест дека прекршила едно кралско правило кое војвотката од Сасекс, Меган Маркл го нема прекршено.

Имено, војвотката скришно завршила во еден паб со уште неколку мајки на деца со кои нејзините деца одат во училиште. Дружењето било организирано за родителите малку подобро да се запознаат, а војвотката им се придружила скришно влегувајќи, далеку од очите на тамошните медиуми, кои се надевале дека ќе ја „уловат“. Сопствениците на овој локал не кажале ни збор, бидејќи порано соработувале со кралското семејство, па затоа точно знаат што треба да прават и како да се однесуваат. Тоа се истите луѓе кои ги правеле декорациите и цветните аранжмани за венчавката на Хари.

Инаку, Кејт постојано внимава на правилата и прописите на семејството, но овој пат малку се опушти и заборави дека околу ова може да крене прашина. Многумина на социјалните мрежи истакнаа дека вакво нешто попрво би очекувале од Меган, особено сега, додека се уште не е потврдено дека Кејт е повторно во блажена состојба.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: