Кејт ги загрижи Британците: Нозете ѝ се слаби, изгледа како да е болнa
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е една од модните икони на 21 век, а освен тоа многу внимава за да не добие килограм плус. Меѓутоа, на последното јавно појавување ги загрижи Британците бидејќи изгледа нездраво слабо, пишува Daily Mail.
Иако носи широко здолниште и капут каков што обично носат жените кои сакаат да ги прикријат вишокот килограми, сепак се забележува колку е слаба. Поради тоа започнаа гласините за тоа што се случува со неа. Има неколку теории: од оние дека во прашање е стрес, па се до оние дека Кејт всушност боледува од хипертироидизам, болест на тероидната жлезда поради која, без разлика колку калории внесуваш во организмот, постојано губиш килограми.
Меѓутоа, има и такви кои секој пат кога Кејт ќе промени нешто на себе, без разлика дали е тоа бојата на коса или конфекцискиот број, шират гласини дека е бремена.
За време на бременоста со принцот Џорџ, Кејт ја промени фризурата, односно направи шишки. Во бременоста со принцот Луис ја скрати косата, па јавноста се посомнева дека наскоро ќе пристигнат гласини за принова во кралското семејство. Војвотката, а ни членовите на семејството не прокоментираа ништо од ова.
Но, најверојатно гласините за бременоста на војвотката се неточни со оглед на тоа што таа се појави на насловната страна на магазинот „People“, поради многу кралски обврски кои моментално ги има.