Кендал Џенер ги изненади сите со признанието: Мојата сестра ми се закажуваше со нож
Хејли Бибер го претстави својот Јутјуб канал, а не е изненадување што првата гостинка ѝ беше нејзината другарка, Кендал Џенер. Тие двете имаа многу интересен разговор, во кој откриваа работи за себе - некои убави и некои помалку убави. Двете признаа дека се тепале со своите браќа и сестри, но Кендал тврди дека во нејзиниот случај можело да биде трагично.
„Мојата сестра извлече нож и ми се закани со него“ - рече Кендал, но не откри на која сестра мисли. Некако изгледа дека Кајли е најголем кандидат за тоа, не само бидејќи Кајли технички ѝ е единствена сестра, туку и бидејќи тие двете поминуваат најмногу време заедно. Сепак, во разговорот помеѓу Хејли и Кендал има и убави теми на кои разговараа, пренесува „E! News“.
„Тука ќе ми гостуваат луѓе и тука ќе правиме разни чудни и забавни активности“ - вели Хејли и додава дека на својот канал ќе се занимава со многу теми - од приказни за нега на кожата до религија и политика. „Ние двете се запознавме преку Кајли на премиерата на филмот „The Hunger Games“ во 2012 година“ - раскажа Кендал. „Ти беше другарка со Кајли, а потоа сфати дека јас сум позабавна“ - додава таа низ насмевка.
„Па, не е баш тешко“ - одговори Хејли. „Јас ве сакам и двете, но ние две станавме поблиски, бидејќи ти почна да се занимаваш со моделинг и постојано доаѓаше во Њујорк. Ти требаше пријател, а потоа двете завладеавме со градот.“ Двете девојки велат дека нивното пријателство е сосема обично, иако двете се многу популарни. „Вистина е дека времето го поминуваме дома, пиејќи вино или гледајќи филмови“ - вели Хејли.
„Мислам дека ние двете се гледавме една со друга како напредуваме во различни временски периоди. Тука сме една за друга и не дозволуваме било што да ни го поремети пријателството“ - истакна Кендал. Девојките потоа ја одиграа играта „Никогаш не сум“, каде и двете открија дека мажите пишувале песни за нив, дури и дека бакнале исто момче, како и дека во тајност им ги читаат пораките на момчињата.