Кендал Џенер ги откри своите 5 правила за одржување на убавината

Кендал Џенер ги откри своите 5 правила за одржување на убавината

Објавена во: Мода // Moj стил

Ова се нејзините совети како да ја одржите својата убавина и секогаш да бидете средени и свежи...

Младата манекенка Кендал Џенер призна дека не вежбала четири месеци и дека не тренира редовно и дека не се придржува до здравата исхрана.

„Ја сакам нездравата храна. Пица, пржено пилешко и сето тоа.“ - вели 24 - годишниот модел. И кога е во прашање одржувањето на убавината таа нема посебни тајни. „Немам многу барања и сум мрзелива кога е во прашање одржувањето на убавината. Ништо во врска со моите навики не е  посебно“ - додава таа.

Сепак, постојат мали тикови кон кои помладата сестра на Ким Кардашијан се придржува за да заблеска на скеоја ревија и снимања. Ова се нејзините совети за тоа како да ја одржите својата убавина и секогаш да бидете средени и свежи:

# Секогаш, апсолутно секогаш ја отстранува шминката навечер

„Многу сум оптеретена со миењето на лицето, дури и пред да станам манекенка. Но, сега многу повеќе водат сметка за тоа, бидејќи постојано носам многу шминка. Лицето го мијам најмалку два, три пати на ден“ - вели Кендал.

# Држете ги рацете подалеку од лицето

Уште еден трик за убавина кој го научи од постарите сестри. „Сакаа да не поминувам низ истите проблеми како и тие во мои години и ме советуваа никогаш да не го допирам лицето, да не ги чепкам мозолчињата и да нанесувам крена на очите.“

# Кафена сенка за очи за природен изглед

Како заштитно лице на брендот Estee Lauder и таа учествуваше во креирањето на палетата на сенки за очи во кафени нијанси. „Го сакам природниот изглед кој го постигнувам со кафена сенка, па затоа и креирав сенски со тие тонови“ - посочи Кендал.

# Пред спиење измијте ја косата за совршени локни

„Мојата коса е многу рамна и свиленкаста. Затоа навечер заспивам со мокра коса и наутро таа добива неверојатна текстура. Па така, без многу труд, скеој пат имам совршена фризура“ - советува.

# Пијте многу вода

„Внесувајте многу течности во текот на денот“ - е најважниот совет кој Кендал го нуди, кога е убавината во прашање. „Ова е неопходно за кожата секогаш да ви биде хидрирана и свежа“.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: