Кендал и Кајли повторно во добри односи: По еден месец ставија крај на жестоката кавга

Кендал и Кајли повторно во добри односи: По еден месец ставија крај на жестоката кавга

Објавена во: Совети // Семејство

Сестрите понекогаш секојдневно се караат и имаат фази кога не може да се поднесат една со друга, но длабоко во себе никогаш не можам да ја изгубат меѓусебната љубов. Истото се случува и во познатото семејство Кардашијан - Џенер, кое е преполно сестри на различна возрасно, но сите меѓусебно се сакаат и покрај конфликтите. Кај Кајли и Кендал е особено напната ситуацијата, бидејќи и двете се на слична возраст, но двете се потполно различни личности, па имаа еден сериозен конфликт пред еден месец и тоа пред камерите.

Значи, Кендал и Кајли генерално се караат бидејќи се навистина различни, но кавгата која сериозно кулминираше се случи пред околу еден месец на снимањето на „Во чекор со Кардашијанс“. Истата се однесе на конфликт околу облека, па така девојките секако мораа да се смират кога тогаш, а тоа конечно и се случи во нивната најнова епизода.

Во епизодата која излезе во четвртокот, обидот на мама Крис Џенер да ги смири своите ќерки вроди со плод, а и остатокот од семејството беше погодено од кавгата на сестрите: „Се растажив кога од Кендал слушнав дека не се слуша со Кајли, бидејќи ние не правиме така. Кортни и Ким се тепаат и потоа за неколку дена повторно патуваат заедно“ - вели Клои.

Кендал цели дека поради една книга решила да се смири со Кајли! „Кајли пред кавгата ми покажа една книга во која пишуваше дека гордоста е дел од нашите стравови. Тоа ме потсети на нашата кавга, бидејќи и двете сме алфа девојки и сме навистина тешки“ - признава Кендал.

„Потоа одлучив да бидат поголем човек и да ѝ се јавам на својата сестра, понекогаш мислам дека таа треба прва да ме повика, но сепак се одлучив јас да се јавам“ - пресече Кендал. Очигледно е дека тоа било добра одлука, бидејќи односите помеѓу нив се повторно одлични.


Секако, двете девојки реагираа на социјалните мрежи уште кога излезе епизодата од кавгата и напишаа дека во секој случај сестрите имаат вакви конфликти, но дека се сакаат.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: