Кендал направи ТикТок: Профилот „исчезна“ откако за 24 часа ја заследија 500.000 луѓе
Семејството Кардашијан - Џенер изгледа не се добредојдени секаде
За помалку од 24 часа откако Кендал Џенер дебатираше на социјалната мрежа ТикТок, нејзиниот профил исчезна.
„Бизнис Инсајдер“ во вторникот попладне дозна дека ТикТок профилот @Kendaljenner е избришан. Профилот на познатата манекенка за кратко привлече многу следбеници, но од нејзиниот профил повеќе нема ни трага ни глас.
Џенер за своето деби на оваа социјална мрежа одбра да сними едноставно видео пред огледало, додека во позадина се слуша песната „Pretty Face“ од King Staccz. За само два часа видеото е лајкувано повеќе од 920.000 пати, а нејзиниот профил го заследија повеќе од половина милион следбеници.
На никој не му е јасно зошто профилот на Кендал исчезна. Постои можност (иако е потполно нелогична) дека Кендал сама го избришала профилот или дека „ТикТок“ го има избришано поради кршење на одредени правила. Се отфрла можноста да се зборува за лажен профил, бидејќи профилот веднаш доби голема верификација со син печат.
Инаку, Кендал Џенер е третиот член од семејството кое направи профил на оваа платформа. ТикТок прво го испробаа Кортни Кардашијан (во декември 2019) и нејзиниот 10 - годишниот син мејсон Дисик.
„ТикТок“ и Кендал Џенер не го коментираа ова изненадувачко исчезнување на профилот.