Кенија ќе ја повторува учебната година, а еве во кои земји учениците ќе се вратат во училишните клупи
Последниве денови главна тема на разговор е стартот на новата учебна година. Кај нас се уште се трага по совршениот модел за тоа кој модел ќе се примени и на само 17 дена пред стартот на учебната година родителите и учениците се во неизвесност.
Повеќе земји ширум светот донесоа конечна одлука и одбраа најразлични модели - некои се одлучија за најдрастичните мерки, а други пак за нормална настава.
Во Кенија, на пример, образовните власти одлучија дека целата учебна година треба да се повтори и ова се смета за најдрастична мерка.
Во Њујорк,пак е прифатена сменската посета на училиштата, а во Чикаго учењето ќе се одвива на далечина.
Германците, беа првите во Европа кои ги вратија учениците во училиште клупи, секако под маски, слично сценарио најави и Хрватска, додека пак во Србија имаат неколку модели, кои ќе се применуваат во зависност од просторниот и наставниот капацитет.
На Женски магазин, прочитајте поопштирно за оваа тема и дознајте кој е ставот родителите од нашата држава, по повод ова прашање.