Ким ја покажа собата на Норт: Цела е обоена во розево

Ким ја покажа собата на Норт: Цела е обоена во розево

Објавена во: Совети // Семејство

Иако јавноста смета дека на децата на познатите им се дозволено, Ким откри дека тоа не е вистина. Имено, парот на своите деца од спалните соби им ги тргна телевизорите.

Ким и Канје неодамна ја отворија вратата од својот дом и така станаа главни ѕвезди на новото издание на угледниот магазин „Architectural Digest“. Во својот футуристички дом, кој се проценува на 60 милиони долари, живеат со четирите деца. Магазинот нивниот дом го окарактеризира како „место за живот кое ги поместува сите граници“.

Парот сака на своите деца да им ги исполнува соништата. Во новото издание на весникот ја покажаа собата на нивната најстара ќерка Норт. Во детската соба преовладува розевата боја. Освен розевите ѕидови, иста боја се и украсите од креветот, оквирите на огледалата, ноќните орманчиња, па дури и лампата. За дизајнот на собата се погрижи белгискиот дизајнер Vincent Van Duysen.


Кардашијан накратко го опиша односот со сопругот и нивните деца, па откри дека не им е дозволено се:

„Од нивните соби ги извадивме телевизорите, како и шминките од собата на најстарата ќерка. Канје е строг татко и во домот сите се придржуваме до неговите правила“ - рече таа.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: