Ким Кардашијан е изненадена од модниот стил на нејзината најстара ќерка: Норт сака рокенрол и тетоважи
Најстарото дете на ријалити sвездата и рапер Канје Вест веќе смени неколку стилови со текот на годините.
Ким Кардашијан изјави дека нејзината осумгодишна ќерка формирала свој стил. Норт Вест сака рокенрол и лажни тетоважи. Таа стана вистинска готичарка и негува таков стил на облекување.
„Таа е тотално готичарка, сака облека за луѓе кои сакаат рок музика и видео игри“, рече Ким за време на гостувањето кај Елен Деџенерис.
„Таа слуша Блек Сабат, става лажни тетоважи на лицето“, додава таа.
Најстарото дете на ријалити sвездата и рапер Канје Вест веќе смени неколку стилови со текот на годините. Нејзината мајка Ким еднаш објави фотографија од неа во розови чизми од змиска кожа бидејќи одлично се вклопуваат во нејзината облека, па таа одби да ги соблече.
Не е неочекувано, со оглед на тоа што нејзиниот татко е и моден дизајнер, а мајка ѝ, модна икона. Исто така, можно е Норт само да ја имитира својата мајка со нејзиниот нов готски стил, имајќи го предвид изборот на облека на Ким за овогодинешната Мет Гала.
Останатите три деца што Ким ги има со нејзиниот поранешен партнер, петгодишниот син Сејнт, тригодишната ќерка Чикаго и двегодишниот син Псалм, исто така минуваат низ специјални фази.
"Сејнт сака видео игри, Псалм сака цртани филмови, а Чи-Чи е мојата мала принцеза. Се што има врска со принцезите, се што е најтипично за девојчињата, е таа", гордо објави Ким.
Иако Ким тврди дека сите нејзини деца се добро воспитани, понекогаш сепак е тешко со нив. Норт се уште има фази на желба да биде единствено дете.
"Понекогаш протестира дека не сака да се вози во автомобил со својот брат. Возењето до училиште е секогаш интересно", заклучува Ким.
извор:index.hr