Ким Кардашијан е видена со еден од најатрактивните пејачи: Ужива како „сингл“ девојка, не размислува за последиците

Ким Кардашијан е видена со еден од најатрактивните пејачи: Ужива како „сингл“ девојка, не размислува за последиците

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Двојката ја заинтригира јавноста, па сите приказни за нејзиниот развод ги фрли во сенка...

Ким Кардашијан со неколку пријатели присуствувала на големото отварање на хотелот „Goodtime“ во Мајами, а на настанот не била единственото познато име. Во петокот вечер, со неа биле и Бекамови, Фарел Вилијамс, но и пејачот Малума, со кој Ким се фотографираше и помина некое време заедно.

Со овој потег успеа, барем на кратко, да ги сопре приказните за нејзиниот развод со Канје Вест и во центарот на вниманието да дојдат новите шпекулации - дали се само пријатели,бидејќи тој е едно од онајатрактивните имиња од светот на музиката, а нејзините обожавателите „го бараат само најдоброто за неа“.

Познатата убавица за оваа прилика одбра краток зелен фустан од една позната модна куќа и сандали, па така уште еднаш се пофали со одличната фигура. Шпекулациите за неа и Малума воопшто не ја интересираат - заедно, си поминале многу добро, а таа помогна и за разубавување на вечерата за Викторија Бекам, која на 17 април го прослави својот роденден.

Очигледно е дека ужива во својот „сингл“ статус во 40 - тата и не размислува многу за последиците, свесна на фактот дека било кое нејзино појавување во јавност со некој во наредниот период ќе предизвика сомнежи, пишуваат странските медиуми. Пријателите ја поддржуваат во сѐ и тоа ѝ е најважно.

фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: