Ким Кардашијан и Канје Вест живеат одвоено, но и понатаму се семејство?!

Ким Кардашијан и Канје Вест живеат одвоено, но и понатаму се семејство?!

Објавена во: Совети // Семејство

Дали ќе бидеме сведоци на уште една разделба оваа година?

Ким Кардашијан и Канје Вест отсекогаш имале специфичен однос, а изминатите недели се пишува дека е само прашање на време кога ќе дојде моментот да ни соопштат дека се разведуваат.

Но, тоа можеби нема да се случи толку брзо. Тие во текот на летото имаа проблеми во односот, но одлучија дека врската ќе се одвива онака како што им одговара на нивниот посебен начин на живот.

Пред сѐ, фокусот им се децата: Норт Вест, Сејнт Вест, Чикаго Вест и Пслам Вест.

„Ким и Канје си ги тераат своите работи. Многу време поминуваат одвоено“ - истакна изворот и кажа дека двајцата се фокусираат на работите кои им се важни.

„Ким ги врши своите работи, Канје своите. Таа не се труди да го контролира или загржува повеќе. Го пушта да оди и да биде тоа што е. Така е, како е“ - додаде изворот.

Иако не поминуваат многу време физички заедно и понатаму се семејство.

„Божиќ ќе го прослават заедно, со семејна вечера. Нема да биде како претходните години, но сите ќе бидат заедно“ - наведе изворот.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: