Ким Кардашијан направи „бум“ во Италија: Вакви модни комбинации може да износи само таа

Ким Кардашијан направи „бум“ во Италија: Вакви модни комбинации може да износи само таа

Објавена во: Мода // Moj стил

Ријалити ѕвездата овие денови престојува во Италија, а вниманието на медиумите го привлече како со својата појава, така и со модните комбинации...

Ким Кардашијан минатата недела пристигна во Европа, поточно во Италија со својот тим за разубавување. Ким во Рим пристигна во друштво на фризерот Крис Еплтон и долгогодишната шминкерка Марија Дедивановиќ, но и блиската пријателка Трејс Ромулус. Исто така, таму се дружеа и со поранешниот топ-модел Кејт Мос и нејзината ќерка Лила Грејс со кои го посети Ватикан во фустан кој предизвика голем број на коментари на социјалните мрежи.

Ким, како и секој пат, особено се потруди околу модните комбинации за ова европско патување, а изгледа дека изборот падна на спортските парчиња.

Првиот ден го прошета римскиот Колосеум во издание во кое само таа може да изгледа добро, а станува збор за бело, тесно боди со долги ракави и сини спортски шорцеви, кои ги искобинира со апостолки. Чокерот и сините очила беа единствените детали кои ги имаше на себе, како и долгите екстензии во косата. 

За друга прошетка одбра мини здолниште, црна маица која ја имаше раскопчано, а таква беше и во еден ресторан на вечера, што може да видите во продолжение.

За третата прошетка во Ватикан одбра долг, фустан од чипка без прерамки со отвор на стомакот, а потоа прошета уште две тесни фустани во кои ги истакна познатите облини. Го нагласи и своето бујно деколте, нозете визуелно ги издолжи со високи потпетици, а во дневен фустан беше на состанок со познатиот Фенди.

Ким во Рим престојува деловно, а со оглед на тоа дека внимателно одбира каде ќе се појави, со кој, како и што ќе облече, останува да видиме за каков проект станува збор. Интересно е дека Ким некогаш беше бојкотирана од модниот свет, од дизајнери до уредници, а сега сите се „тепаат“ за да работат со неа.

фото: Profimedia 

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: