Ким Кардашијан објави фотки од тинејџерските денови: На себе има модни парчиња кои денес се повторно во тренд

Ким Кардашијан објави фотки од тинејџерските денови: На себе има модни парчиња кои денес се повторно во тренд

Објавена во: Мода // In and Out

Очигледно е дека некогашните модни трендови секогаш се враќаат...

Ким Кардашијан апсолутно со секоја објава ги воодушевува своите обожаватели на социјалните мрежи, а со тоа успеа и сега кога објави фотографии од тинејџерските денови. 

Ким со новата објава направи вистински хаос, бидејќи објави фотки од своите тинејџерски денови. Напиша и интересен опист во кој опишува дека во тоа период не ја слушала својата мајка и дека би сакала нејзините деца да не бидат такви кога ќе дојдат во тинејџерските години. Освен интересниот опис, интересни се и нејзините модни парчиња кои ги носи - станува збор за широки, искинати фармерки, бела „оверсајз“ маица со кратки ракави и чокер околу вратот. Овој избор е особено интересен, бидејќи потсетува на сегашната мода, каде повторно исто така се носат широки фармерки, големи „оверсајз“ маици со кратки ракави, па дури и чокорите беа во мода пред одредено време.



Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: