Ким Кардашијан откри дека нејзиниот син има кожна болест: „Не знаев ништо за тоа, но морав да научам“

Ким Кардашијан откри дека нејзиниот син има кожна болест: „Не знаев ништо за тоа, но морав да научам“

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ким Кардашијан со години боледува од хронично заболување на кожата - псоријаза, а вчера беше објавено видео од една ТВ емисија во кое вели дека и нејзиниот син има кожна болест, поточно витилиго.

На почетокот истакна дека и нејзината мајка има псоријаза и дека ја наследила од неа, а нејзиниот син има витилиго.

Сепак, Ким Кардашијан не нагласи кој од нејзините синови има витилиго, со оглед на тоа што со Канје Вест ги има синовите Сент и Псалм.

Во коментарите под видеото, многумина наведуваат дека најверојатно се работи за Псалм, бидејќи тврдат дека забележале бели дамки на неговата кожа. 

„Неговото витилиго е многу благо бидејќи го држиме под контрола. Но, знаете, не знаев ништо за тоа, но морав да научам и да разберам од каде доаѓа“, рекла Ким.

Најпопуларната сестра од семејството Кардашијан постојано зборуваше за својот проблем со псоријазата и често споделува фотографии со своите следбеници кога состојбата на кожата и се подобрува и влошува.

„Имам псоријаза и ништо не можам да направам за да ја поправам, така што нема причина да се чувствувам лошо поради тоа“, рече Ким.

Псоријазата е една од најчестите кожни болести, а како што објаснуваат дерматолозите, во повеќето случаи таа е предизвикана од комбинација на еколошки и генетски фактори.

Кога станува збор за витилиго, тоа е болест која се манифестира со депигментација на кожата, за која се смета дека има генетска предиспозиција. Покрај депигментацијата на кожата, промени од ист тип може да се појават и на очите, мукозните мембрани, лептоменингите и внатрешниот увеитис.


Фото: Youtube - screenshoot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: