Ким Кардашијан потврди каков маникир ќе се носи оваа година: Во последно време има само ваков

Ким Кардашијан потврди каков маникир ќе се носи оваа година: Во последно време има само ваков

Објавена во: Мода // In and Out

Кога таа нешто носи, сите почнуваат да го копираат...

Сестрите Кардашијан - Џенер се трендсетерки, без разлика дали тоа ни се допаѓа или не. Кога тие нешто ќе почнат да носат, шансите дека тоа ќе биде нов тренд кој ќе завладее во светот се големи. Ким во последно време почна да носи само еден вид на маникир.

Навикнати сме да ги гледаме Кардашијан со долги нокти, што и самите девојки признаа дека им создаваат проблеми и дека не можат да ги завршуваат ниту најосновните секојдневни работи. Иако Ким најчесто е фан на долгите и „nude“ бои на нокти, на фотографиите кои ги објави оваа година, луѓето забележаа промена и сега веруваат дека тоа е новиот тренд во маникирот, пишува Glamour. Ким сега има кратки нокти, а такви има и на фотографиите од модните снимања, каде обично покажува нокти со голема должина и дизајн.

А, ако ги има Ким, големи се шансите дека тоа ќе го посакаат и другите девојки. Ноктите ѝ изгледаат многу природно, а должината едвај се забележува. Се претпоставува дека ова ќе биде новиот хит оваа пролет, што е добра вест. Дефинитивно е тренд кој сакаме да го гледаме повеќе, особено на младите. Многу долгите нокти за многумина не се практични, а со кратките сѐ е полесно.

Кратките нотки дефинитивно имаат повеќе предности, отколку мани - нема да ти пречат додека работи нешот, помали се шансите да се повредиш, но и да ти се скрши нокт. Да не зборуваме дека ова е и поздраво за нотките. Една од маните е тоа што на нив не одговара некој луд и кул дизајн, кој едноставно подобро изгледа на долги нотки.


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: