Ким Кардашијан повторно среде скандал поради фотошоп: Дали овој пат малку претера?
„Skims“ е компанија за долна облека на Ким Кардашијан која се најде на мета на критиките поради објавената реклама.
Ким Кардашијан се најде во уште еден скандал на социјалните мрежи, а истиот е поврзан со фотошоп. Ова не е првпат некој од кланот Кардашијан/Џенер да биде прозван поради впечатливото користиње на фотошоп, а кралицата на тој клан сега поради тоа, повторно се најде на мета на критичарите.
Ким Кардашијан со новата објава покрена лавина „хејт“ коментари. Објави реклама од својата компанија „Skims“, на која лежи на страна и ја промовира новата линија на долна облека. На видеото, во еден момент е очигледно дека нејзиниот прст станува искривен по должината и формата, што забележаа и многу нејзини следбеници. Таа грешка предизвика лавина коментари во кои се потсмеваа на нејзина сметка, па набрго потоа рекламата од нејзината компанија беше повлечена и компанијата се извини на сите следбеници, споменувајќи дека искривената фотографија е грешка, а не уредување во фотошоп.
Сепак, брзите следбеници успеаја да направат копија од видеото и да го објават на ТикТок, така што видеото досега има скоро 2.5 милиони лајкови и повеќе од 25 милиони прегледи.
@alexkelly2014 Who approved of this editing???#kardashian #photoshopfail #kim #skims #editingfail #kimk #kimkardashian #onceyouseeityoucantunseeit
original sound - Alex Kelly
@alexkelly2014 Kim’s wiggly finger #kim #kimkardashian #skims #kimk #editingfail #photoshopfail #onceyouseeityoucantunseeit #kardashian #fail #commercial #videoedit
original sound - Alex Kelly