Ким Кардашијан сподели фотка со Канје Вест: На никој не му е јасно што се случува со нив
Нејзината објава за половина час „собра“ повеќе од милион лајкови...
Ким Кардашијан на Инстаграм објави фотографија на која позира со децата и Канје Вест, со кој моментално е среде процес за развод.
Ким под фотографијата во описот му честиташе роденден на раперот, а нејзината порака збуни многумина.
„Среќен роденден. Ќе те сакам цел живот“ - напиша најпознатата старлета во светот.
Нејзината објава за половина час ја лајкнаа повеќе од милион следбеници, а илјадници од нив во коментарите не криеја дека се сфаќаат што сакала да каже со тоа.
„Што треба да значи сега ова?“, „Прво го остави, а сега прави нешто вакво“, „Дали со ова сакаш да ни порачаш дека сепак ништо не е готово?“, „Смирете се, бевте совршени заедно“ - се само некои од коментарите под објавата.