Ким Кардашијан стана хероина: Помогнала во евакуација на авганистански фудбалерки во Велика Британија

Ким Кардашијан стана хероина: Помогнала во евакуација на авганистански фудбалерки во Велика Британија

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

„Многу од овие семејства ги напуштија своите домови кога Талибанците ја презедоа власта. Нивните куќи беа запалени. Некои од членовите на нивните семејства се убиени или киндапирани од Талибанците. Значи, опасноста и нивото на стрес биле многу високи и затоа за нив беше многу важно да го напуштат Авганистан“, изјави Калида Попал, поранешна капитенка на авганистанската женска репрезентација која ја предводеше евакуацијата на спортистките.

Имено, nепрофитното американско здружение „Tzedek“ во соработка со британскиот фудбалски клуб и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан им помогнаа на членовите на женската авганистанска фудбалска репрезентација да отпатуваат во Велика Британија.

Моше Маргарет, основачот на „Tzedek“ и претходно соработувал со Ким Кардашијан за реформите во американското кривично право.

Ким и нејзиниот бренд „SKIMS“ финансирале авион со кој допатувале членовите на фудбалската репрезентација и нивните семејства.

„Само еден час по нашиот разговор на „Zoom“, добив порака во која пишуваше дека Ким сака да го финансира тој лет“, откри Маргарет.

Авионот превезувал повеќе од 30 тинејџери и нивните семејства. Откако Кабул падна во рацете на Талибанците во август оваа година, Британија и другите земји итно евакуираа илјадници Авганистанци. Талибанската влада особено го ограничува образованието и слободата на жените, па стотици спортистки ја напуштија земјата од страв за својата безбедност.



Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: