Ќара и возот од стакло (Епизода 15)
Ќара ја спаси малата Лаура, нејзината сестра, така што на местот кое и беше наведено заедно со Огнен и Роберто отидоа неколку часа порано. Нејзината луда тетка Фросина, не можејќи да го поднесе поразот и бесот кој управуваше со неа, скокна од истите карпи, каде пред осумнаесет години животот си го одзеде Дона, мајката на Ќара. Нејзините последни зборови беа: „Подобро да умрам покрај саканиот, отколку да живеам сама“.
Тука завршува болната приказна на Ќара. Таа се запиша на студии по италијанска литература ,а Огнен на студии за филмски режисер. И двајцата беа среќни, заедно. Ќара остана во контакт со нејзиниот татко, а почна и често да се гледа со нејзината полусестра Лаура. Баба ѝ остана да живее во Словенија, а Ќара остатокот од летото го помина заедно со Огнен во една мала, дрвена колиба, на плажта од островот на нејзината родената Италија.
Ќара од иднината повеќе никогаш не се појави, но секогаш ја гледаше од далеку Ќара од сегашноста. Можеби ова патување околу светот прерасна во патување низ минатото, но Ќара го пронајде тоа што го сакаше, таа се запозна себе си на еден нов и поинаков начин.. Откри некои свои особини за кои не знаеше дека ги има, а го запозна и Огнен.
Животот не е само болка и страдање, тој е и инспирација. Не е сè црно, но не е ни сè бело. Мора да научиме да се сносиме со нашите проблеми, мора да знаеме да се бориме дури и сами со себе, бидејќи доколку се предадеме на тагата, значи дека сме предале една битка пред истата да започне. Светот е убаво место за живеење, и секој од нас треба да верува во своите желби, да не се плаши да сонува и да ризикува за да го има тоа што го сака.
Крај.
Претпоследната епизода од оваа неверојатна приказна може да ја најдете ТУКА.
Ивона Марковска- Нона, 16 години, ученик во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, автор на „Пронаоѓање“- самостојно издадена книга и „Аурора“- издавачка куќа Култура. Исто така автор на приказната „За да те пронајдам“, како и на голем број колумни и текстови. Го уредува и инстаграм профилот @a_soul_of_paper