Ќе биде ли копија на баба: Синот на Вељко е ист хороскопски знак со Цеца
Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, се породи и на свет донесе машко дете, кое го доби името по дедото - Жељко.
Цеца во друштво на ќерката Анастасија, се пофали на Инстаграм со среќната вест.
Но, она што е особено важно е тоа што малиот Жељко се роди во хороскопски знак Близнаци, исто како и неговата баба, која што на 14 јуни треба да го прослави својот роденден.
Дали ова е знак дека најмалиот член на семејството Ражнатовиќ ќе биде копија на баба?