Ќе го гледаме на големото платно: Синот на Вин Дизен ќе глуми во новиот филм „Брзи и бесни“
Десетгодишниот син на Вин Дизел, Винсент Синклер ќе се појави во филмот „Брзи и бесни 9“ како млада верзија на Доминик Торет, ликот на Дизел.
Синот на познатиот актер своите сцени ги снимаше во 2019 година, како што пренесува „Variety“, а пред Винсент, Алек МекГе ја играше малдата верзија на Доминк.
Снимањето на деветото проодлжение на филмот „Брзи и бесни“ започна во јуни 2019 година во Хартфордшир во Англија, а е завршено во ноември истата година.
Иако премиерата беше закажана за минатото лето, студиото „Universal“ го помести датумот поради пандемијата на коронавирус и тоа најпрво за на 2 април 2021, потоа за на 28 мај, а најдоцна за 25 јуни. Деветиот дел од „Брзи и бесни“ ќе биде продолжение на приказната од осмиот дел, кој излезе во 2017 година.
Во новото поглавје, Дом Торето ќе се соочи со младиот брат Џејкоб и убиецот кој ја подготвува неговата одмазда.