Ќе го скрши и твоето срце: Шон Мендес има нова песна во која зборува за разделбата со Камила

Ќе го скрши и твоето срце: Шон Мендес има нова песна во која зборува за разделбата со Камила

Објавена во: Stars // Музика

Разделбата на оваа двојка ги скрши срцата на обожавателите...

Доколку некој се надевал дека не е завршено помеѓу нив, Шон со новата песна потврди дека разделбата е вистинска и на овој начин се прости од нивната врска. Раскажа вистинска тажна приказна низ песна.

Шон Мендес е еден од оние музичари кои сами ги пишуваат своите песни и поради тоа многу од нив се инспирирани од неговиот живот. Сеа ја објави новата песна „I'll Be Okay“, која е и повеќе од очигледно дека е за разделбата низ која поминува. За обожавателите беше вистински шок кога тој и Камила од ведро небо објавија дека се разделиле, бидејќи делуваше дека се среќни и никој не го очекуваше ова.

Помина нешто повеќе од една недела од разделбата, а песната е тука! Иако двајцата кажаа дека ќе останат пријатели, бидејќи разделбата не им била лоша, едноставно се изгубила романтиката помеѓу нив и врската не водела кон ништо, едноставно немала иднина. Само затоа што разделбата завршила мирно, не значи дека не биле тажни, а песната најдобро зборува за тоа како се чувствува Шон.

Песната е навистина тажна и доколку и ти поминуваш низ разделба или некој неодамна ти го скршил срцето и не си го преборела, оваа песна сигурно ќе те расплаче. Но, можеби и ќе ти помогне да продолжиш понатаму, бидејќи и Шон порачува дека ќе биде во ред. Нема сомнеж дека оваа песна ќе стане химна на сите оние кои имаат скршено срце.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: