ЌЕ ИМА ЛИ ПРИТВОР: 60 годишник пред очите на деца правел полови дејствија
Во што ни се претвори државата и какви се луѓе шетаат на улица - прашуваат граѓани откако се обелодени дека 60 годишен маж правел полови дејствија пред три малолетни деца.
Токму за тој човек ОЈО бара да се изрече притвор поради опасност од бегство на осомничениот .
Имено, осомничениот е од село Миладиновци, а делото за кое се гони е направено на 3 февруари на улицата „Беровска“.
Случајот во полиција го пријавил случаен минувач кој веднаш го избркал осомничениот од местото на настанот.