Ќе ми биде криво што не одев на училиште: Интeрвју со Антониа Гиговска

Ќе ми биде криво што не одев на училиште: Интeрвју со Антониа Гиговска

Објавена во: Stars // Интервјуа

Започна учебната година и учениците на големо се подготвуваат за новите училишни авантури, додека идните студенти се пред носење на одлуката во која насока да го продолжат своето образование, поточно на кој факултет да се запишат.

Овој период го искористивме за да поразговараме со младата пејачка Антониа Гиговска, која малку ја потсетиме на деновите поминати во училишните клупи, но и ја поттикнавме да размисли за идните планови кога е во прашање нејзиното образование.

Што октри таа на овие теми, прочитајте во продолжение.

# Кога би се навратила на училишните денови, што е она што секогаш ќе те потсетува на тој период?

Па, искрено јас немам многу случки интересни, поради тоа што многу ретко се појавував во училиште. Можеби еден ден ќе ми биде криво поради тоа, но мојата професија го налага тоа и јас не сум виновна за тоа. Можеби немам интересни случки, но во сеќавање ќе ми остане дружбата со најблиските и некои одредени работи, како што се препишувањата итн.

Каков ученик беше Антониа?

Бев одличен ученик и во основно и во средно. Во четврта беа матурите и малку беше напорно за мене, поради тоа што не бев воопшто во училиште и мораше да барам материјали за да можам да се подготвувам. На крајот многу лесно помина се и покрај фактот што не се појавував во училиште. Имав голема поддршка од професорите и од директорката пред се.

# Со оглед на твојата професија логично би било „Музичко“ да биде твојот омилен предмет. Но, кој ти беше најомразен, кон кој предмет имаше одбивност?

Музичко не ми беше омилен предмет, поради тоа што јас од музичко немам поима. Ниту знам ноти, ниту хармонии, контрапукт, едноставно се што е во музичко јас не го знам. Навистина немам поима од тоа. Омилен ми беше психологија во четврта, а најомразен, односно она што не ми одеше беше филозофија, а и математика, хемија и физика, предмети кои од дете не ми одеа добро.

# Веќе во полн ек се уписите за на факултет. Дали ќе се запишеш и во која насока ќе го продолжиш своето образование?

Да, ќе се запишам, но искрено не знам на кој, поради тоа што не сум прибрана дома, а не сум ни седнала да разговарам со моите. Планирам нешто поврзано со психологијата, педагогијата, нешто поврзано со луѓе, однос со луѓе, контакти со луѓе.  Педагогијата доаѓа од мојата љубов кон децата. 

# Летото е пред самиот крај, кое летување би го издвоила како омилено?

Тоа би биле летувањата со моите во Турција. Бев луда по тобогани и кога одевме во Турција цело време бев на тобогани. Односно, сите летувања со моите, бидејќи како дете се ти е дозволено да си купиш.


Ивана Мисајловска

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: