Ќе мора сами да заработат: Децата на овие познати личности нема да добијат ни денар од своите родители
Актерот Даниел Крег (53) не е единствениот кој не планира на своите деца да им го остави своето богатство откако ќе умре.
Од Елтон Џон до Цукерберг, сѐ повеќе и повеќе познати милионери одлучија да не го остават наследството на своите деца. Поголемиот дел од нив на овој начин сакаат да ги научат своите деца на независност.
Погледнете кои други деца на познатите не можат да сметаат на големо наследство:
Така, децата на Џорџ Лукас (77), кој ги создаде серијалите „Војна на ѕвездите“ и „Идијана Џонс“ нема да добијат ништо. Лукас „тежеше“ повеќе од 6 милиони долари, откако на Дизни им ги правата на „Војна на ѕвездите“. Сепак, голем дел веднаш донираше во образовни цели.
Актерот од акционите филмови, Џеки Чен (67), чиј имот се проценува на околу 350 милиони долари планира да ги донира сите пари. Неговиот син Џејси (38) нема да добие ништо, бидејќи како што кажува Џеки, „ако е доволно способен, нека заработи сам“.
Светски познатиот готвач Гордон Ремзи (54) своите пет деца нема да ги израдува со дел од своите 153 милиони долари.
„Тие пари дефинитивно нема да завршат кај нив. Не го правам тоа од злоба, туку да не бидат размазени“ - изјави Ремзи.
Во објавата од 2015 година со која на светот му кажа дека ја добил ќерката Максима, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг (37) најави дека 99% од неговото наследство ќе биде донирано. Во меѓувреме доби и син, а истото се однесува и на него.
„Сакам да израсне во подобар свет, отколку што е овој денес. Ќе работиме на тоа, не само затоа што те сакаме, туку затоа што имаме морална должност кон децата на следната генерација“ - напиша Цукерберг тогаш.
Брачната двојка Ештон Кучер (43) и Мила Кунис (38), кои заедно вредат околу 300 милиони евра, исто така се водат по таквата идеја.
„Ќе ги дадеме сите пари во добротворни цели. Моите деца живеат многу привилегиран живот, а не знаат за тоа“ - изјави актерот во една прилика.
Музичарот Стинг (39) објасни дека никој од неговите шест деца не може да сметаат на неговите 300 милиони долари.
„Што ќе заработам, тоа мојата сопруга и јас ќе го потрошиме. Тие ќе мора да работат. Моите деца го знаат тоа и ретко ме прашуваат зошто, а јас го ценам тоа“ - кажа Стинг во 2014 година.
Истото мислење го дели и Елтон Џон (74), кој на своите синови нема да им остави ниту трошка од своето богатство откако ќе умре.
„Тие не се нормални деца, ниту се преправам дека дека се. Но, мораат да имаат некаков предвид на нормалноста и да ги почитуваат парите и работата“ - изјави од Џон.
фото: Stephen Lam/Michael Sofronski/Profimedia/Dave Starbuck/DPA/PA/Pixsell