Ќе може да ја слушате во живо: Били Ајлиш најави онлајн концерт

Ќе може да ја слушате во живо: Били Ајлиш најави онлајн концерт

Објавена во: Stars // Музика

По претставувањето на видеото за насловната песна „No Time To Die“, за продолжението за Џејмс Бонд, за сите нејзините обожаватели имаме среќна вест, а во прашање е онлјан концерт на Били Ајлиш.

Пејачката денес го најави „Where Do We Go The Livestream“ концертот, кој ќе биде одржан на полноќ помеѓу 24 и 25 октомври.

Сите оние кои ќе купат билети за концертот, кои веќе се пуштени во продажба, ќе имаат можност настапот да го гледаат и во наредните 24 часа.

Својот прв студиски албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“, го објави во март минатата година, а периодот од тогаш до сега за неа беше неверојатна авантура, почнувајќи од реакцијата на публиката, над 5 - те Греми награди и нови остварување, па се до фактот дека стана најмлад изведувач на песна за Џејмс Бонд и тоа на јубилејното 25 - то продолжение.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: