Ќе наследи 33 милијарди, а мајка ѝ вели - скромна е: Животот на ќерката на Салма Хајек е бајка, но не онаков каков што го замислувате
Како единствена ќерка на холивудската актерка Салма Хајек и францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино, Валентина Пино стана чест гостин на модните ревии, ужива во раскошните одмори со своето гламурозно семејство и секојдневно се среќава со некои од најголемите имиња и ѕвезди.
Навистина, дури и нејзините браќа и сестри се меѓу импресивната група, благодарение на претходното врска на таткото со супермоделот Линда Евангелиста, со која го има 16-годишниот син Аугустин и француската дизајнерка на ентериер Дороти Лепер, со која ги има Матилда (22) и Франсоа Џуниор (25).
Затоа, не е изнедувачки тоа што можевме да видиме како елегантната тинејџерка им се придружи на нејзината мајка и полусестра Матилда на ревијата на „Гучи“ на Модната недела во Милано на 24 февруари. Тоа е само една од многуте прилики во последните неколку години кога тинејџерката му се придружила на своето семејство на настани кои се навистина важни.
Кога се родила во 2007 година, нејзините родители на почетокот одлучиле да ја држат далеку од вниманието на јавноста.
Меѓутоа, Валентина во годините кои следуваа, сѐ почесто се појавуваше во јавноста бидејќи одеше со својата мајка на премиери на филмови, интервјуа, емисии, па дури и на добротворни настани.
Салма и Валентина заедно позираа за насловната страница на „Вог Мексико“ во април минатата година.
Во интервјуто правено на шпански, откриено е дека Валентина често сакала да ја зима облеката на мајка ѝ и дека се надева дека ќе работи во Холивуд.
Иако мајката и ќерката биле облечени во дизајнерска облека за фотографирање, Валентина инсистирала да носи тренерки.
„Се караме околу облеката, бидејќи таа зима сѐ од мојот плакар“ - се пошегувала тогаш Салма.
„Од мала не ми дозволуваше да ѝ одбирам облека и тоа секогаш ми се допаѓаше. Многу е вешта со шминката. Добра сум и јас, но сега таа ме учи мене“ - додаде мајката.
Тинејџерката истакна дека ја наследила и добротворната природа на својата мајка, додека зборуваше за тоа колку е важно да се биде страствен во решавањето на светските проблеми.
Посебно објасни дека ја допрел проблемот со бездомниците, бидејќи има пријатели кои немаат дома.
Валентина ја истакна важноста на помагањето на другите, што го прави низ волонтирање во народна кујна.
„Научив дека секоја личност која е бездомник има поинаква приказна. Сите претпоставуваат дека се бездомниците поради дрога или затоа што не работат. Кога ќе видите дека некој спие на улица, тој има иста реакција: извинете, но не сакате да ми се приближите. Мислам дека е важно да се приближиме и да сослушаме, а не да ги игнорираме и да веруваме дека тоа не е ваш или наш проблем“ - раскажа Валентина во една прилика.
Исто така, таа ги откри и своите соништа дека во иднина сака да стане актерка и режисер. Но, секогаш ја истакнува и својата голема љубов кон фотографијата.
За време на играта „What's In Mi Bag?“, Валентина го покажа својот старински фотоапарат.
„Своите другарки ги фотографирам со камера за еднократна употреба“ - кажа таа на видеото и додаде дека оди на часови по фотографија.
„Многу ми се допаѓаат нејзините фотографии. Таа секогаш има интересна точка на гледање. Ја сака фотографијата и сака сето тоа да биде во ретро стил“ - ја пофали мајка ѝ.
И покрај огромното богатство поврзано со нејзиното семејство, Салма неодамна откри дека своите деца ги држи „скромно“, така што за Божиќ им дава скромни подароци.
„Моите деца се скромн. Не знам како успеав во тоа, но мислам дека е прекрасно. За Божиќ сакам да отвараат милиони подароци, но некои од нив се многу мали, некои многу смешни, а потоа добиваат еден или два навистина убави“.
фото: Принтскрин / Инстаграм