Ќе пеам од следната година: Марија Шерифовиќ ги засука ракавите и смени професија

Ќе пеам од следната година: Марија Шерифовиќ ги засука ракавите и смени професија

Објавена во: Stars // Музика

Пејачите се едни од најпогодените од целата оваа ситуација со коронавирусот. Ретко кој од нив има настапи, а бидејќи мора да заработуваат од нешто секој од нив премина на план Б.

Исклучок од групата не е ниту евровизиската победничка Марија Шерифовиќ, која за време на карантините беше многу актуелна на социјалнтие мрежи. Поради тоа нејзините обожаватели и предложија да се обиде како јутјубер, а таа ги послуша.

„Станувам Јутјубер, бидејќи нема пари од пеење. Ќе пеам следната година", рече Марија.

Нејзиното прво видео, светлината на денот ја здогледа вчера, а истото за еден ден има повеќе од 100.000 прегледи.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: