Ќе потрошат мало богатство за роденденот на синот: Бекамови подготвуваат гала забава
Викторија и Дејвид Бекам подготвуваат гала забава за 21 роденден на синот Бруклит, а како што дознава The Sun, познатиот пар ќе потроши неверојатни 100.000 фунти, односно 115.000 евра.
Забавата е закажана за 7 март, три дена по датумот кога е роден Бруклин, кој инаку е фотограф во подем и својата кариера ја гради во Америка, каде што живее.
Како што се наведува, прославата ќе биде организирана во англискиот Cotswold, на семејниот имот на Бекамови.
„Многу размислување и труд е вложено за големиот ден на Бруклин и тој е многу возбуден“ - кажа за The Sun пријател на семејството.
На прославата ќе присуствуваат Кара Делавињ, Елтон Џон, Гај Ричи и секако, девојката на Бруклин, Николa Пелц, со која Бруклин неодамна уживаше на Модната недела на Париз.