Ќе се изненадите: Што крие Кајли Џенер под шминката?

Ќе се изненадите: Што крие Кајли Џенер под шминката?

Објавена во: Мода // Moj стил

Кајли Џенер стана милијардер благодарение на својата линија за шминка, а девојките ширум светот го копираат нејзиниот изглед. Внимателно се проучува како го контурира лицето, како ги комбинира сенките, а исто така кај пластичните хирурзи масовно се бара изгледот „Кајли“.

Кралицата на убавината е претежно беспрекорно нашминкана - Кајли на Инстаграм изгледа како да нема пори, тенот и е совршен, усните и се совршено исцртани, трепките совршено завиткани.

Сепак, Кајли објави и фотографии без шминка, кои откриваат дека нејзиното лице изгледа значително поразлично без пудра и контури. Сепак, немаме често можност да видиме фотографии во природно издание од најпопуларната девојка на Инстаграм.

Веројатно затоа многумина не знаат дека Кајли ги крие пеги под нејзината шминка - кои и го покриваат лицето.

Всушност, нејзините пеги изгледаат навистина убаво, па на фановите не им е јасно зошто ги крие целосно.

Сепак, вистинското лице на Кајли Џенер не го откриваат фотографиите што таа внимателно ги одбира и објавува. Тоа го прават папарацо фотографите, на кои Кајли изгледа исто како и секоја друга девојка - сосема обична, природна и опуштена.


фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: